Турските власти нема да се приклучат на санкциите против Русија, бидејќи не можам да дозволам нашите граѓани да замрзнуваат без руски гас, изјави турскиот претседател Таип Ердоган пред новинарите при враќањето од самитот на НАТО.

Што се однесува до санкциите, ние проучуваме одредени насоки на ОН, но да не заборавиме дека не можеме да ги оставиме настрана нашите односи со Русија. Тоа го објаснив многу одамна, бидејќи денес, само кога станува збор за гасот, приближно половина од природниот гас што го користиме доаѓа од Русија – рече Ердоган, пренесува Тасс, повикувајќи се на онлајн изданието на „Хуриет“.

Тој додаде дека, освен тоа, Турција ја гради нуклеарната централа Акују со Русија и дека тоа не може да се игнорира.

Кога му го кажав тоа (на францускиот претседател Емануел) Макрон, дури и тој призна дека сум бил во право. Прво, не можам да го оставам мојот народ да замрзне во зима, и второ, не можеме целосно да ја рестартираме нашата индустрија сами – рече Ердоган.

Турскиот претседател повтори дека властите „треба да ги заштитат своите граѓани“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.