Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека не ја исклучува можноста за спроведување прекугранични воени операции во cеверна Сирија за да се заврши создавањето безбедносна зона од 30 километри.

Според турскиот лидер, нестабилноста во соседната земја и терористичките организации лоцирани на северот на Сирија претставуваат закана за безбедноста на Турција, а армијата, доколку е потребно, ќе спроведе прекугранични операции во северниот дел на Сирија против милитантите лоцирани таму.

Претседателот Ердоган претходно најави дека планира да го заврши создавањето на безбедносна зона со цел да се обезбеди контрола на дел од границата со Сирија долга шестотини километри и да се минимизираат заканите кои доаѓаат од нејзината територија.

Турција, исто така, ќе продолжи со напорите за обновување на односите со Сирија, кои беа прекинати во 2012 година, наведуваат медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.