На средбата во узбекистанскиот град Самарканд, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе му предложи на рускиот колега Владимир Путин да одржи состанок со украинскиот лидер Володимир Зеленски, пишува турскиот медиум „Хуријет“.
Најважна тема на состанокот на Ердоган и Путин ќе биде ситуацијата во Украина. Ердоган на рускиот колега ќе му ја пренесе пораката дека Турција ќе продолжи да ги вложува сите напори војната да заврши и да се постигне одржлив прекин на огнот преку иницијативи за посредување. Претседателот Ердоган исто така ќе ја нагласи и важноста на дипломатско решение. На дневниот ред на состанокот на двајцата лидери се очекува да биде и можната воена операција во Сирија – објави „Хуријет“.
Како што пишуваат руски медиуми, една од главните точки на дневниот ред на претстојниот состанок на лидерите на Турција и Руската Федерација, ќе биде и функционирањето на коридорите преку кои се извезува житото од црноморските пристаништа.
По изјавата на Путин дека, на негова жалост, житото се носи во богати земји, Ердоган ќе бара руската стока да се испраќа преку коридорот со бродови координирани од Турција – додава „Хуријет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.