Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја изрази „безрезервната поддршка“ на Турција за Азербејџан за време на телефонскиот разговор со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев, соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.

За време на разговорот што се одржал синоќа, Ердоган добил информација од својот колега Алиев за моменталната состојба во врска со операцијата што ја започна Азербејџан (во Нагорно-Карабах).

Двајцата лидери разменија мислења и за голем број регионални прашања кои ги засегаат двете земји, се вели во соопштението на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.