Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин за израелско-палестинскиот конфликт, соопшти турското претседателство.

„Двајцата лидери разговараа за можните мерки за спречување на зголемување на тензиите во регионот и иницијативите за доставување хуманитарна помош во зоната на конфликтот на Блискиот исток“, се вели во соопштението на турското претседателство, објавено на X (Твитер).

Се додава дека Ердоган во разговорот рекол дека Турција ќе продолжи да прави се за да обезбеди мир во регионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.