Катарскиот емир Тамим бин Хамад изјави дека самоодбраната не го оправдува, како што го опиша, „геноцидот извршен од израелските сили во Појасот Газа“, пренесува ДПА.

Самоодбраната не се однесува на окупацијата, според меѓународното право, и не дозволува геноцидни злосторства извршени од Израел, рече тој обраќајќи се на самитот на Заливот во Доха.

Тој рече дека израелските сили „ги прекршиле сите религиозни, етички и хуманитарни вредности со извршување на злосторства против човештвото“.

Катарскиот емир ги повика Обединетите нации да спроведат меѓународна истрага за „масакри извршени од израелските окупациски власти врз палестинскиот народ“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.