Екстремно десничарски екстремист е уапсен во Франција под сомнение дека подготвувал напади за време на Олимписките игри во Париз, кои ќе бидат отворени следната недела, изјави денеска извор од безбедносните сили, кој сакаше да остане анонимен.
Осумнаесет-годишниот осомничен неонацист бил администратор на група на Телеграм наречена „француска ариевска дивизија“ каде упатувал закани за Олимпијадата во Париз од 26 јули до 11 август, рече изворот.
Тој беше приведен во источниот регион Ба-Рајн, кој го опфаќа градот Стразбур, а беше испрашуван од антитерористичката полиција.
Француските безбедносни служби се во состојба на готовност пред Игрите во Париз кога се очекуваат околу 10 милиони посетители и 10.000 спортисти во француската престолнина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.