Најмалку четири лица загинаа, а две се повредени кога се случи експлозија во фабрика за барут во рускиот град Тамбов, јави денеска ТАСС.

„Експлозијата ја потресе фабриката за барут во Тамбов. Според последните информации четири лица загинаа, а две се ранети“, изјави портпаролот на локалната служба за итни случаи.

Тамбов се наоѓа на околу 420 километри југоисточно од Москва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.