Најмалку седум лица, меѓу кои две деца, загинаа во експлозија и пожар во југозападна Франција во градот Сен Лоран дела Салан, изјави министерот за внатрешни работи, Жерал Дарманен.

Министерот ќе го посети местото на експлозијата, пренесе „Ројтерс“.

Најмалку четири лица се повредени, од кои едно потешко, а околу 25 лица се евакуирани.

27-годишен маж, многу тешко повреден, бил пренесен во болница, а наводно скокнал од првиот кат за да избега од пламените јазици.

Три лица биле полесно затруени од испарувања. Околу 8.30 часот од брзата помош соопштија дека телата се пронајдени во урнатини.

По експлозијата, следуваше пожар, изјави полковникот што интервенира во понеделникот наутро.

На самото место сѐ уште имало 85 пожарникари. Експлозијата погоди најмалку 11 стана.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.