Во близина на украинската нуклеарна централа Запорожјe, која е под руска окупација, вчера одекнаа силни експлозии, соопшти агенцијата за нуклеарна енергија на ОН, МААЕ.

Претседателот на МААЕ, Рафаел Гроси, кој ја посети Украина минатата недела, изјави дека вчера Агенцијата регистрирала силни експлозии во близина на најголемата нуклеарна централа во светот и уште еднаш повика околу нуклеарката да се воспостави „безбедна зона“.

Руските сили вчера извршија масовен ракетен напад врз Украина, при што беа истрелани повеќе од 50 проектили кон цели низ целата земја. Украинската војска соопшти дека соборила повеќе од 40 руски проектили, додавајќи дека Русите во нападот користеле хиперсонични ракети од типот Кинжал. Руските напади беа извршени еден ден откако САД и Германија најавија испорака на модерни тенкови Леопард 2 и Абрамс во Украина



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.