Системите за воздушна одбрана на Украина утрово соборија неодреден број руски ракети во четвртокот, информира на Телеграм шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.

Најмалку две од ракетите прелетале над јужниот регион Миколаев, соопшти гувернерот Виталиј Ким на Телеграм.

Агенцијата Некста јави дека експлозии утрово се регистрирани низ цела Украина. Експлозии имало во регионите Дњепропетровск, Херсон, Киев и Миколаев.

Утрово низ цела Украина е прогласена воздушна тревога, а во некои региони е исклучена струјата поради страв од напади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.