Британското Министерство за одбрана објави дневен извештај за ситуацијата во Украина, во кој се вели дека Русија најверојатно во Белорусија ја завршила обуката за Втората гардиска стрелачка дивизија (ГМРД), која таму се обучува од есента 2022 година.

Министерството, кое извештајот го базира на разузнавачки податоци, додава дека поголемиот дел од Втората ГМРД сега е префрлен назад во Русија и речиси сигурно ќе биде испратен во Украина.

Втората ГМРД е дел од Првата гардиска тенковска армија и претрпе големи загуби во почетната фаза на конфликтот. Сега се состои првенствено од мобилизиран персонал кој работи со постара опрема од складиштата. Борбената ефикасност на оваа дивизија веројатно ќе биде ограничена и покрај неколкунеделната обука.

Постои реална можност други руски единици да бидат ротирани во Белорусија за слична обука и дека Русија ќе продолжи со овој модел на регенерација и подготовка на единици за одржување на своите сили во Украина, се наведува во извештајот на британското разузнавање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.