Европската комисија ја поддржа идејата Украина да стане кандидат за Европската унија. објави Би-Би-Си, повикувајќи се на шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Комисијата предлага на Украина да ѝ се даде кандидатски статус. Ова, секако, на разбирање дека земјата ќе спроведе бројни дополнителни реформи. Од гледна точка на Комисијата, Украина јасно ги покажа аспирацијата и решеноста да ги исполни европските стандарди, додаде Фон дер Лајен.

Овој потег ја носи Украина чекор поблиску до Унијата.

Според ДПА, ЕК предлага статус кандидат за во ЕУ и за Молдавија.

Украина аплицираше за членство откако Русија ја започна инвазијата врз земјата кон крајот на февруари. Потоа следуваа и барања за членство од Молдавија и Грузија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.