Европската комисија ќе издаде препорака да се смета Ковид-19 како професионална болест во “релевантните сектори“.
Оваа одлука доаѓа по договор постигнат меѓу земјите членки на ЕУ, претставници на работниците и претставници на работодавците во рамките на телото советодавната комисија на ЕУ за безбедност и здравје на работното место.
Ковид-19 треба да се смета за професионална болест за работниците во секторот на здравството и социјалната работа, а во контекст на пандемија и во сектори каде заразувањето произлегува од докажан ризик. Со ова се актуелизира списокот на професионални болести во ЕУ.
Еврокомесар за социјални права, Николас Шмит, изјави дека овој договор претставува “силен политички сигнал“ со кој се препознава импактот на Ковид-19 врз работниците во здравствениот и социјалниот сектор како и нивниот клучен придонес. Истото важи и за работниците кои работат во области каде ризикот од инфекција е висок.
Европската комисија сега ќе изработи препорака до земјите членки да ја признаат болеста во нивните држави како професионална и да го модифицираат националното законодавство согласно со оваа препорака. Доколку земјите тоа го сторат засегнатите работници би требало да имаат право на одредени компензации во зависност од националните закони на секоја земја членка на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.