Голем број вработени во Твитер кои беа отпуштени откако Илон Маск ја презеде сопственоста на компанијата на социјалната мрежа се пожалија дека не ги добиле навреме платите. Станува збор за платите за ноември, кои според програмата за плати веќе требало да бидат легнати на сметките на вработените, објави новинарот Крис Стокел-Вокер, а пренесува Њузвик.

Ова е големо прашање што ги крена на нозе сегашните и поранешните вработени во приватните групи. Вработените во Ирска и Холандија беа платени навреме. Во последните 30 минути пристигнуваат некои плаќања на банкарски сметки, една по една, што сугерира дека тоа го прават рачно“, напиша Стокел-Вокер.

Ова на Твитер го потврдија некои отпуштени вработени.

Сакам да играм ‘дали утре ќе земам плата или не?’ во недела навечер. (Нема претстојни исплати на повидок)“, твитна Ели Шуце Рамирез, софтверски инженер на Твитер од Лондон, кој неодамна беше отпуштен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.