Познат радио новинар на Филипините бил застрелан додека вршел директен пренос на неговата емисија.
Националната унија на новинари на Филипините (НУЈП) во соопштение објави дека 57-годишниот радио радиодифузер Хуан Џумалон – професионално познат како диџеј Џони Вокер – бил убиен во Мисамис Оксидентал. Работел за радио станицата „Gold FM 94,7“ на Филипините.
Локалните медиуми соопштија дека нападот од неидентификувани вооружени лица бил фатен на преносот во живо на радио станицата на Фејсбук.
Националната унија на новинари на Филипините го нарече нападот врз Џумалон „дрско убиство“.
Нападот е уште повеќче за осуда бидејќи се случи во домот на Џумалон, кој служеше и како радио станица. Многу новинари од заедницата ни пријавија дека добиваат закани од политичарите и нивните поддржувачи по нивното покривање на изборите во Барангај и Сангујанг Кабатаан минатата година на 30 октомври“, изјави високиот член на НУЈП, Кет Кортез.
Локлани медиуми објавија дека полициски извори соопштиле оти двајца вооружени напаѓачи пристигнале пешво радио станицата додека Џумалон ја емитувал својата програма. Еден маж, наводно, извадил пиштол од џебот непосредно пред да влезе во кабината каде што Џумалон бил на етерот. Тој испукал еден истрел кон новинарот. Другиот чувал сгража.
Тие веднаш побегнале од местото на настанот. Еден од нив наводно го зел ланчето што го носел Џумалон. На видеото од пукањето, нашироко споделено на социјалните мрежи, се гледа како маж го извлекува ланчето од телото.
Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор го осуди убиството на новинарот и нареди истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.