Египет негира дека постојат оперативни тунели меѓу неговата граница со Појасот Газа, откако Израел соопшти дека елиминирал десетици од нив, јави ДПА.
Неименуван египетски извор од високо ниво соопшти дека нема оперативни тунели меѓу Египет и Појасот Газа.
За државната телевизија „Ал Каиро“ неименуваниот висок извор вели дека Израел „не доставил доказ за оперативните тунели на границата со Газа“ и дека извештаите за тунелите во израелските медиуми имаат за цел единствено „да ја оправдаат својата континуирана агресија на Појасот“, пренесе ДПА.
Тој додава дека целта е да се шират „лажни тврдења за постигнување политички цели“ и да се прикрие „неуспехот“ во Газа.
Израелската армија неделава објави дека на почетокот на минатата недела бил откриен тунел висок три метри во областа на коридорот Филаделфија, тесен појас што минува долж границата со Египет кај Рафа, од страната на Газа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.