Едно безживотно тело е пронајдено, а две лица се спасени откако два товарни брода се судрија во Северното Море, кај брегот на Германија, соопшти денеска Поморската агенција за вонредни состојби.
На бродот „Верити“ имало седум лица, соопшти Централната команда на поморската служба и нагласи дека потрагата по преостанатите четири исчезнати лица е во тек, пренесуваат британските медиуми.
Бродовите „Полесие“ и „Верити“ се судрија во раните утрински часови на околу 22 километри југозападно од островот Хелиголанд, соопшти германската централна команда за поморски вонредни состојби.
Еден од бродовите, „Верити“, што пловел под британско знаме, очигледно потонал.
Се наведува дека бродот тргнал од Бремен, Германија, кон англиското пристаниште Имингем, а вториот брод, „Полесие“ под знамето на Бахамите, останал на површината на водата со 22 лица на него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.