Еден од осомничените за терористичкиот напад во Москва, наводно по апсењето е мачен со струја.
Телеграм каналот СОТА објави фотографии на кои се гледа осомничениот Таџикистанец, со згрчено лице и спуштени панталони, на кого гениталиите му се поврзани со жици на воен теренски телефон.
Телеграм каналот Сива зона, наведува дека низ жиците се пушта струја од 80 волти.
Осомничениот на сослушувањето по апсењето, признал дека стигнал од Турција на 4 март и дека добил наредба да ги убие сите присутни во концертната сала.
За тоа му е ветена награда од половина милион рубљи. Половина пари веднаш му биле префрлени, по што следела обука од еден месец. Исто така рекол дека не знае кој му го доставил оружјето.
Се појави и информацијата дека припадник на руската безбедносна служба, по апсењето му отсекол уво на еден од осомничените и му го ставил во уста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.