Си-ен-ен јави дека осомничениот за нападот е во притвор, а полицијата верува дека може да има уште еден осомничен кој сè уште не е фатен. Мотивот за нападот засега не е познат.

Беше хаотично. Луѓето бегаа, беа исплашени, изјави портпаролот на полицискиот оддел во Ел Пасо, Роберт Гомез.

Тројцата повредени мажи се хоспитализирани во болница. Двајца од нив се во критична состојба, а состојбата на третото лице е непозната.

Трговскиот центар „Сиело Виста“ каде што се случил нападот е во непосредна близина на продавницата „Волмарт“, каде што на 3 август 2019 година вооружен маж уби 23 луѓе, а речиси дваесетина беа повредени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.