Руската армија рано утринава презеде акција и ја нападна Украина. Засега главниот удар, како што пренесуваат светските медиуми, доаѓа од правец на Донбас и Луганск. Акцијата започна рано утринава во 3:50 часот по средноевропско време, кога рускиот претседател најави напад на Украина.

Пет минути после 6 часот во Киев се огласија сирените за воздушен напад, јавува Си-Ен-Ен.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски вонредно обраќање рече дека во цела Украина е воведена вонредна состојба и ги повика граѓаните да останат смирени. Во краткото видео обраќање објавено од Министерството за одбрана на Украина, Зеленски рече дека Русија извршила ракетни напади врз украинската инфраструктура и украинските граничари, при што се слушнале експлозии во многу градови низ земјата.

Тој додаде дека разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, а на Украинците им порача да останат во своите домови и да бидат смирени.

Војската функционира. Јас ќе бидам со вас цело време. Останете силни. Ќе победиме затоа што сме Украина. Слава на Украина, рече Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.