Американскиот претседател Џозеф Бајден в петок ќе отпатува за Полска на разговори со полскиот претседател Анджеј Дуда посветени на украинската криза, соопштои Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, рече дека Бајден ќе отпатува во Полска за да разговара за „хуманитарната криза и кризата во човековите права создадени од неоправданата, неиспровоцирана војна на Русија против Украина“.

Американската Влада ги негираше шпекулациите дека претседателот Бајден ќе ја посети Украина за време на неговата посета на Европа.

Псаки во објава на „твитер“ прецизираше дека „патувањето ќе бдие фокусирано на обединување на светот за поддршка на украинскиот народ и против инвазијата на Путин врз Украина, но оти нема планови за патување во Украина“.

Бајден ќе патува во Полска ден после средбите во Брисел со сојузниците од НАТО, лидерите од Г-7 групата и лидерите на ЕУ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.