Скотланд Јард започна истрага за „настани“ во Даунинг стрит и Вајтхол во врска со потенцијални прекршувања на регулативата за коронавирус.
Британскиот премиер Борис Џонсон се соочува со нов притисок поради социјални собири во неговите резиденции и канцеларии во Даунинг стрит во последниве две години, за време на забрана на собири со цел да се спречи ширење на Ковид-19.
Според најновото откритие, во јуни 2020 година, околу 30 луѓе се собрале за да му подарат роденденска торта на британскиот премиер.
Фактот што сега истражуваме, не значи дека фиксни казни ќе има во секој случај и за секое инволвирано лице, изјави полицискиот комесар Дам Кресида Дик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.