Импровизирани кревети, спомен обележја на загинатите борци и „легла“ направени од дрвени палети откриваат речиси незамисливи услови во кои живееја украинските сили во подземните бункери на фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, во источна Украина.

„Дејли мејл“ објави нови слики, фотографирани од руските сили, на кои се гледаат просториите во кои живееја неколку илјади украински војници.

Огромниот индустриски комплекс источно од пристаништето на Азовското Море беше место на едни од најинтензивните борби во Украина.

Опсадата на Мариупол, во која, според проценките, загинаа околу 6.000 Украинци и 4.000 Руси, заврши на 20 мај.

Откако руските трупи презедоа целосна контрола во фабриката за челик, начинот на кој живееја илјадници цивили и украински борци беше мистерија.

Според поранешниот командант на украинската национална гарда на Азов, десетици тела се уште се во индустрискиот комплекс.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.