Американски патнички биле отстранети од летот на „Бритиш ервејс“ на лондонскиот аеродром Хитроу, поради расправија околу капче, која прераснала во физичка пресметка.
Кавгата, наводно, започнала кога една Американка побарала од другата жена да го тргне капчето со МАГА, кратенка од предизборниот слоган на Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America great again), додека тие чекале да се качат на лет за Тексас, објави Скај њуз.
Жената одбила да ја извади, по што биле разменети тупаници.
Поради тепачката интервенирала полицијата, па летот за Тексас полетал со два часа задоцнување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.