Две лица се ранети во пукотница која се случила попладнево околу 17 часот по локално време во трговски центар во шведскиот град Малме, по што интервенирала полицијата.

Од трговскиот центар излегоа расплакани луѓе и рекоа дека слушнале истрели“, изјавил еден од очевидците, објави весникот од Малме „Сидсвенскан“.

Сведоци откриваат дека се слушнале околу 20 истрели пред да избегаат од трговскиот центар.

Полицијата вечерва потврди дека едно лице е уапсено во врска со вооружениот инцидент, а според информациите на шведската телевизија СВТ, станува збор за 15-годишно лице.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.