Дваесетина рудари загинаа во пожар кој избувнал во рудник за злато во Перу. Наверојатна причина за пожарот е краток спој на електричната инсталација а спасувачките екипи досега извлекле најмалку 27 тела.
Се стравува дека бројот на жртви не е конечен бидејќи екипите за брза помош не можат да стапат во контакт со рударите кои се уште се заглавени под земја.
Перу е најголемиот производител на злато во Јужна Америка а секоја година во земјата се случуваат десетици смртоносни несреќи, главно во мали рудници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.