Ројтерс објави дека додека денеска ширум Германија траат протестите на земјоделците, владата во Берлин порача дека не разгледува промени во врска со планот за постепено укинување на земјоделските субвенции.

Во Владата не се разгледува било каква промена во врска со субвенциите – рекол владиниот портпарол, пренесува Гардијан.

Се наведува дека тој порачал дека на крајот на краевите владата е таа која треба да одлучува и да биде предводник.

А со тоа, не можат сите да бидат задоволни, рекол портпаролот на владата на канцеларот Олаф Шолц.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.