Пожар во близина на хемиска фабрика во Пасаик, во американската држава Њу Џерси, зафатил неколку згради и се заканува да стигне до складиште за хемикалии, соопштија официјални лица.

Градоначалникот на Пасаик, Хектор Лора, во видеото објавено на Фејсбук им порача на жителите да се оддалечат од таа населба и да ги затворат прозорците. Тој изјави дека пожарникарите се уште ја проценуваат ситуацијата и додаде дека засега нема информации за жртви.

Шефот на пожарникарите на тоа место Патрик Трентакост изјави дека зградата била празна кога избувнал пожарот, пренесуваат американски медиуми.

Имало хлор во дел од зградата и сега се чини дека е под контрола – изјавил Трентакост кратко по полноќ по локално време.

Шефот на пожарникарите изјави и дека најголемиот дел од зградата каде што избувнал пожарот се урнал. Водата од блиската река се користи за помош на пожарникарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.