Јужнокорејската полиција уапси жена која за време на лет се обидела да ја отвори вратата за итни случаи на авионот додека била под дејство на дрога.

Полицијата на меѓународниот аеродром во јужнокорејскиот град Инчеон приведе 26-годишна жена, откако неуспешно се обидела насилно да ја отвори вратата за итни случаи на авион на Korean Air, кој летал од Њујорк за Инчеон, пренесува Yonhap.

Наводно, осомничената покажувала знаци на вознемиреност по околу 10 часа лет, кога во повеќе наврати се обидела да ја отвори вратата, додека стјуардесите не ја задржале.

При полициската истрага осомничениот била позитивна на нелегална дрога.

Јужнокорејската полиција соопшти дека осомничената влегла во земјата откако поминала повеќе од шест месеци во Њујорк и немала досие за ментална болест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.