Малиот број Италијанци кои одбиваат да се вакцинираат против ковид-19 се во голема мера одговорни за продолжувањето на здравствената криза, изјави италијанскиот премиер Марио Драги.
Италијанската влада минатата недела ја направи вакцинацијата задолжителна за сите постари од 50 години во обид да го ублажи притисокот врз болниците поради порастот на бројот на новозаразените, пишува Ројтерс.
„Никогаш не смееме да го изгубиме предвид фактот дека повеќето проблеми кои денес ги имаме се поради невакцинираните луѓе“, кажа Драги на конференција за новинарите.
Министерот за здравство Роберто Сперанца кажа дека 89,4 отсто од сите постари од 12 години примиле најмалку една доза вакцина, но дека невакцинираните сочинуваат две третини од сите пациенти со ковид на одделите за интензивна нега.
Вршејќи дополнителен притисок врз луѓето да се вакцинираат, денес стапија на сила нови ограничувања кои им забрануваат на оние кои не се вакцинирани да влегуваат во баровите и рестораните или да користат јавен превоз.
Од новите правила се изземени само оние кои неодамна оздравеле од ковид
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.