Три лица биле повредени, од кои едно потешко, кога четири автомобили се излизгале на автопат во Калифорнија откако камион удрил во заштитна ограда и истурил повеќе од 150.000 домати на коловозот.
Големото количество домати расфрлани на автопатот во Калифорнија предизвикале големи проблеми на возачите.
Камионот се судрил со друго возило во близина на градот Вакавил, по што удрил во заштитната ограда и истурил неколку тони домати, создавајќи куп длабок околу два метри на патот, соопшти локалната полиција.
Четири возила се излизгале и се судриле откако наблегле во расфрланиот зеленчук. Три лица се пренесени во болница, а едно е тешко повредено.
Екипите користеле специјални средства за чистење за да ги отстранат доматите и сокот од коловозните ленти, кои биле повторно отворени за сообраќај шест часа по несреќата.
Доматите во комбинација со масло и нечистотија создадоа опасни услови на патот. Кога лушпите од домати се оставени на асфалтот, тоа е како одење по мраз – соопшти припадник на службите во Калифорнија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.