Пред војната во Газа, Израел увезуваше околу 1.200 тони домати неделно од Турција, што претставуваше 30% од неговата потрошувачка. Кога овој увоз престана, се појави криза бидејќи домашното производство на домати во Израел, со центар во западниот дел на Негев во близина на Газа, беше нарушено од конфликтот. Израел првично увезуваше 500 тони домати од Јордан, но тоа не беше доволно за да се задоволи побарувачката и немаше друга алтернатива. Како што растеа цените на овошјето и зеленчукот, фрустрирајќи ја јавноста, решението дојде тивко од Турција.
По долги владини дискусии, израелските реакции против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беа повлечени и Израел одлучи да не прибегнува кон бојкот на турски прозиводи. Причината стана јасна – доматите. Зад сцената, Израел доби речиси 700 тони турски домати за само една недела, заедно со друга стока, што помогна да се олесни кризата.
Накратко, и Израел и Турција се согласија за начините за заобиколување на бојкотот кој официјално остана на сила. Трговците од двете земји, со одобрение од владата, управуваа со процесот. За да се избегне прекршување на законот, стоката е означена како наменета за Палестина и е регистрирана на палестинските трговци на Западниот Брег, кои добиваат голема провизија. Вообичаено, стоката наменета за палестинските власти поминува низ израелските пристаништа. По царинењето, палестинските посредници ја добиваат стоката и им ја предаваат на израелските трговци. Како што системот стана рутински, палестинските трговци повеќе не мораа воопшто да се појавуваат и израелските трговци го презедоа транспортот, испраќајќи провизии директно до Палестинците.
Периодов се дозна дека со наредба на израелското Министерство за земјоделство од 26 август е дозволен увоз на турски домати и покрај забраната, користејќи трета земја како покритие, под услов трасата да биде јасно документирана.
Прашањето е: дали пристапот на Турција е единствен или други земји исто така бојкотираат, но бараат начини да ги одржат врските со Израел?
Д-р Моше Бен-Давид, 72-годишен историчар и поранешен службеник на израелското разузнавање, тврди дека денешните бојкоти се неефикасни и лесно може да се најде начин да бидат заобиколени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.