На девизните пазари во пртпладневното тргување падна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 105,35 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,52 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 157,35 на 157,65 јени. Меѓутоа, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0730 долари, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 1,0700 долари.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа, по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,14 отсто, на 84,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,19 отсто, на 80,15 долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.