Синдикатите во Франција повторно повикаа на протести низ целата земја против пензиските реформи на претседателот Емануел Макрон.

Надлежните очекуваат да учествуваат меѓу 400 и 600 илјади луѓе на сега 12-тиот ден од протестите. Планирано е да се ангажираат 11.500 полицајци, од кои 4.200 во Париз.

Се очекува во петок Уставниот совет да ја соопшти одлуката по разгледувањето на предлогот за реформи. Може делумно или целосно да ја поништи пензиската реформа или да ја прогласи за уставна.

Протестите се насочени против постепеното зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Протестите се интензивираа бидејќи владата го протурка текстот низ Националното собрание без гласање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.