Поранешниот претседател на Пакистан, генерал Первез Мушараф, почина по долго боледување на 80-годишна возраст во болница во Дубаи, каде што живееше во егзил од 2016 година.

Пакистанската армија и претставништвото на оваа земја во Обединетите Арапски Емирати ја потврдија веста за смртта на Мушараф, пренесува Ројтерс.

„Можам да потврдам дека тој почина утрово“, изјави Шазија Сираџ, портпаролка на пакистанскиот конзулат во Дубаи и амбасадата во Абу Даби.

Генералот Мушараф ја презеде власта во Пакистан со ненасилен воен удар во 1999 година, соборувајќи го тогашниот премиер Наваз Шариф. Тој беше претседател на Пакистан од 2001 до 2008 година.

За време на неговиот мандат, Пакистан забележа економски раст, а Мушараф се обиде да воведе либерални вредности во конзервативното муслиманско општество, пренесува Ројтерс.

По нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк на 11 септември 2001 година, Пакистан стана еден од најважните сојузници на Вашингтон и им дозволи на САД да управуваат со вооружени беспилотни летала од тајните бази во Пакистан. Во ноември 2007 година, Мушараф го суспендираше уставот и воведе вонредна состојба во земјата, што предизвика протести.

Тој поднесе оставка во 2008 година за да избегне импичмент. Во Пакистан на крајот на 2019 година, тој беше осуден на смрт во отсуство за велепредавство, но казната подоцна беше поништена, според Ројтерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.