Џо Бајден нема да се откаже од трката за нов претседателски мандат, изјави портпаролот на неговата кампања, Сет Шустер.

„Секако дека нема да се откаже,“ изјави Шустер по дебатата на Бајден со Доналд Трамп, по која некои демократи изразија незадоволство, а дел од јавноста повика тој да се повлече од трката.

Бајден по дебатата исто така потврди дека нема да се откаже од трката за нов мандат, додавајќи дека е тешко да се расправа со „лажливец“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.