Групата од СИРИЗА предводена од кандидатката за партиски лидер Ефи Ахциоглу, во која се девет пратеници ја напуштија најголемата опозициска партија, станаа независни пратеници и сè поверојатно е дека во Парламентот ќе се формира нова пратеничка група, јави дописничката на МИА од Атина.
Деветтемина пратеници што денеска станаа независни, меѓу кои и поранешни министри, ги претставуваат Насос Илиопулос и Алексис Харицис, кои претпладнево се очекува да се сретнат со претседателот на Парламентот за да му ги достават одлуките дека повеќе не се дел од пратеничката група на СИРИЗА.
Станува збор за втора фракција што заминува од СИРИЗА за краток временски период, поради несогласувања со новиот претседател Стефанос Каселакис, со што најголемата грчка опозициска партија загуби вкупно 11 пратеници и од 47 по изборите, сега има 36 пратеници.
Претходно, партијата ја напуштија двајца пратеници, односно групата „Чадор“ на актуелниот пратеник и поранешен министер за финансии Ефклидис Цакалотос.
Со оглед на големиот број пратеници кои се вон СИРИЗА, сè поверојатни се сценаријата дека во Парламентот ќе формираат нова пратеничка група.
За да се фрмира нова пратеничка група што не произлегува од изборите потребни се десет независни пратенци, а поранешните членови на СИРИЗА се вкупно 11.
Паралелно со новиот расцеп во партијата, попладнево ќе се одржи состанок на Политичкиот Секретаријат на СИРИЗА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.