Во забавен парк во Мексико се случила несреќа во која 6-годишно детенце паѓа од зиплајн. За среќа, паднало во езеро и ги избегнало повредите, но поради несоодветно обучените вработени, постоела голема можност да се удави, објави „Дејли мејл“.

На социјалните мрежи е објавено и видео од незгодата во забавниот парк „Фундидора“ во Мексико, а на него се гледаат маж и мало дете на зиплајн. Како што се спуштаат, безбедносното јаже на детето се кине и тоа паѓа од височина од 12 метри.

За среќа, 6-годишното детенце паднало во езеро и ги избегнало сериозните повреди. Сепак, постоела опасност да се удави. Подоцна неговата сестра открила дека некој човек веднаш скокнал во езерото за да го извади детето, а и тој, речиси се удавил додека го спасувал.

Сестрата истакнува и дека во паркот воопшто не се грижеле за безбедноста.

Во паркот немаат луѓе кои се тренирани за вакви ситуации, никој од нив не можеше да му помогне да излезе од водата. Ужасен парк. Неверојатно е како може да се случи нешто катастрофално додека да трепнете“.

Роднина на момчето потврдува дека никој во паркот не бил соодветно обучен.

Бидејќи бевме во близина, можевме да го извадиме навреме. Поради несоодветниот тренинг на вработените во паркот, сè можеше да заврши многу полошо“.

„Дејли мејл“ пренесува дека момчето е во добра состојба и по инцидентот си заминало дома со родителите и семејството.

Од паркот, пак, изјавиле дека зиплајнот бил затворен и дека ќе разгледале дали некој треба да сноси одговорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.