Десет лица се повредени во пожар предизвикан од силна експлозија во магацин во близина на аеродромот во узбекистанскиот главен град Ташкент. Еден од повредените е во тешка состојба. Пожарот рано утринава е локализиран и ситуацијата е под контрола, соопшти узбекистанското Министерство за вонредни состојби.

Причините за експлозијата се уште не се разјаснети, но според една од верзиите удрил гром. На местото е поставена специјална теренска лабораторија која ќе ја испита експлозијата.

Како резултат на брзите активности на претставниците на Министерството за вонредни состојби, пожарот е ставен под контрола. Ситуацијата е под целосна контрола“, соопшти узбекистанското Министерство за вонредни состојби на Телеграм.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.