Шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, предупреди дека во просек по десет деца во Појасот Газа секој ден остануваат без едната или двете нозе.

Лазарини, на прес-конференција во Женева, додаде дека тие податоци не ги вклучуваат децата кои останале без рака или шака.

Тој рече дека тие податоци се базираат на податоците на УНИЦЕФ.

Десет на ден, тоа се речиси 2.000 деца по повеќе од 260 дена од таа брутална војна. Знаеме дека најчесто ампутациите се вршат во ужасни услови и понекогаш без никаква анестезија, а тоа важи и за децата, изјави Лазарини.

Тој го спомена и извештајот на невладината организација „Save the Children“ во кој се наведува дека од почетокот на војната во Појасот Газа „исчезнале до 21.000 деца“, без разлика дали биле затрупани под урнатините, заробени, закопани во анонимни гробници или изгубени контакти со семејството и роднините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.