Кремљ е подготвен за нова рунда преговoри, соопшти денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, но одби да прецизира на која локација ќе се одржи средбата.
Нашата делегација ќе биде таму доцна попладне. Ќе ги чекаат украинските преговарачи. Нашата делегација ќе биде подготвена да го продолжи разговорот вечерва, рече Песков.
Зеленски вчера децидно кажа, а утринава и повтори, дека Русија мора да престане да ги бомбардира украинските градови пред да продолжат преговорите. Малку е веројатно дека украинската и руската делегација ќе се сретнат на утрешните планирани разговори, бидејќи барањата на Москва за прекин на инвазијата се „нереални“, соопшти кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Најверојатно нема да се сретнат денеска. Можно е да биде одложено за неколку дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.