Денеска ќе биде погребан 17-годишниот Наел М., чија смрт ги предизвика насилните протести во Франција. Неговото семејството побара од медиумите и јавноста да не присуствуваат на погребот во Нантер.

Наел живеел со неговата мајка во Нантер, некогаш најголемиот центар за алжирски имигранти. Тој никогаш не го запознал неовиот татко. Работел како доставувач. Се запишал во средно училиште за да стане електричар, но, како што пишуваат медиумите, но не одел на настава. Затоа бил вклучен во посебна програма на невладина организација која се занимава со социјална интеграција на тинејџери кои имале проблеми на училиште.

Оваа организација соопшти дека Наел не се занимавал со малолетничка деликвенција, но полицијата во 2021 година неколку пати го запирала во автомобилот со кој доставувал пратки.

Тој бил обвинет и за злоупотреба на привремената возачка дозвола, бидејќи во Франција е дозволено да се вози без придружба над 18 години.

Минатиот вторник Наел тргнал на последното возење, кога полицаец го застрелал додека бил во автомобилот со уште две лица.

Обвинителот на Нантер рече дека врз основа на доказите од истрагата што ја водел, употребата на оружје од страна на полицаецот „не е оправдана“ и дека ќе биде обвинет за убиство од небрежност, пренесуваат француските медиуми.

Тој најави и дека токсиколошката истрага не покажала дека 17-годишниот возач бил под дејство на алкохол или дрога, како и неговата сопатничка, додека се трага по третото лице кое било во автомобилот и побегнало.

Мајката на Наел раскажа за последниот ден од неговиот живот, сеќавајќи се дека тој ја бакал пред да замине на работа и ѝ рекол: „Те сакам мамо“.

Зборувајќи за 38-годишниот полицаец обвинет за убиството на нејзиниот син, мајката на Наел изјавила:

-Не мораше да го убие син ми, имало и други начини како да се справи со него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.