Aвстрискиот канцелар, Карл Нехамер, на маргините на самитот за Украина во Швајцарија изјави дека не се очекува сите учесници на мировниот самит во Украина во Швајцарија да ја потпишат завршната декларација.
Нехамер, сепак, додаде дека основниот заеднички став нема да биде засегнат.
Затоа не сум толку загрижен ако не потпишат сите сега, изјави Нехамер.
Тој додаде дека пред Русија да седне на преговарачката маса, може да се замисли уште една конференција во различен формат
Навистина мора да го гледате како процес, рече тој.
Дводневната конференција треба да заврши попладне, кога треба да биде објавена и конечната декларација.
Официјални лица од Москва не беа поканети на самитот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.