Данските здравствени власти објавија дека размислуваат да ја прекинат програмата за вакцинација против корона вирус напролет и дека не гледаат причина децата да се вакцинираат со „бустер“ доза од вакцината или пак ризична група граѓани со четврта.
Властите соопштија дека третиот бран на инфекции со коронавирус слабее „поради имунитетот на голем дел од населението“ и додадоа дека „високата стапка на вакцинација, особено третата доза, значи дека Данска може да се справи со растечкиот број на инфекции без сериозни симптоми.
Но, велат дека се подготвени да ја променат одлуката доколку спротивно на очекувањата, дојде до четврти бран или нови загрижувачки соеви.
Минатиот месец, данската Влада им понуди на постарите лица и другите ризични групи аплицирање на четврта доза од антиковид-вакцината поради брзото ширење на омикрон сојот на коронавирусот.
Во ноември минатата година, пак, програмата за вакцинација во Данска беше проширена и опфаќаше и вакцинација на деца од пет до 11 години.
Властите, меѓутоа, сега соопштија дека планираат да ја прекинат досегашната програма за вакцинација за сите групи, вклучувајќи ги и децата на таа возраст, соопштувајќи дека размислуваат „подоцна, во текот на пролетта да се заврши целата програма за вакцинација “.
Се разбира, внимателно ќе го следиме развојот на епидемијата и подготвени сме да ја промениме одлуката доколку, спротивно на очекувањата, дојде до четврти бран или нови загрижувачки соеви, наведуваат здравствените власти во Данска.
Данските власти во текот на овој месец ги укинаа повеќето ограничувања воведени поради пандемијата, наведувајќи дека ковид-19 веќе не се смета за „претерано опасна болест за општеството“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.