Данскиот министер за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, на платформата „Икс“ соопшти дека Данска ќе испрати нов пакет воена помош за Украина, вклучувајќи првенствено оружје за противвоздушна одбрана и артилерија, во вредност од околу 5,6 милијарди дански круни (750 милиони евра).
Сите сојузници треба да обезбедат поголема воена поддршка за Украина“, рече данскиот министер за одбрана на Самитот за демократија во Копенхаген, кога се разговараше за воените потреби на Украина.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера изјави дека Украина има најголем дефицит на оружје за противвоздушната одбрана и побара од американскиот државен секретар Ентони Блинкен, со кого се сретна во Киев, два ракетни системи „Патриот“ за одбрана на Харков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.