Одбранбените сили на Израел (ИДФ) ја завршија изградбата на нов пат што минува низ северниот дел на Газа од исток кон запад, според сателитски снимки потврдени од Би-Би-Си.

Од ИДФ за Би-Би-Си изјавиле дека се обидуваат да стекнат „оперативна основа“ и да го олеснат движењето на војниците и опремата.

Некои експерти стравуваат дека ќе се користи како бариера, спречувајќи ги Палестинците да се вратат во своите домови на север. Други велат дека се чини оти тоа е дел од планот на Израел да остане во Газа по завршувањето на сегашните непријателства.

Новиот пат минува низ северниот дел на Газа и почнува на границата на Газа со Израел во близина на Кибуц Нахал Оз и завршува во близина на брегот. Исто така, се вкрстува со патиштата Салах ал-Дин и Ал Рашид, двете главни артерии што минуваат низ територијата.

Иако има мрежа од патишта кои ги поврзуваат истокот и западот, новата рута на ИДФ е единствената која континуирано минува низ Газа.

Анализата на сателитски снимки на Би-Би-Си открива дека ИДФ изградила повеќе од пет километри нови патни делови за поврзување на претходно неповрзани патишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.