Грузија и Молдавија ги добија прашалниците за пристапување во Европската унија, што претставува важен момент со кој се означува почеток на долгиот процес до полноправно членство. Прашалниците ги добија од комесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеји, јави ДПА.
Документот е „првиот чекор на вашиот европски пат“, му рече Вархеји на грузискиот министер за надворешни работи Илија Дарчијашвили на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.
Документот служи како основа за пристапните разговори во ЕУ за апликантите. Молдавија и Грузија аплицираа за членство во Унијата откако Русија ја нападна Украина.
Украина, исто така, поднесе барање за членство поради руската инвазија. Во знак на солидарност, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен лично го достави прашалникот во Киев во петокот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.