Во Москва бешпе одржана проштална церемонија за политичарот Владимир Жириновски, а меѓу оние кои тагуваа и испратија послеен поздрав до починатиот Жириновски беа и рускиот претседател Владимир Путин и други високи политички и верски претставници.

Жириновски почина во средата на 75-годишна возраст, откако неколку недели беше во болница поради компликации предизвикани од корона вирусот, пишува „Москва тајмс“.

Путин на прошталната церемонија дојде со букет црвени рози, а збогувањето од Жириновски беше одржано со учество на чуварите на претседателскиот полк.

Жириновски беше руски политичар кој често беше окарактеризиран како „шоумен“ на локалната политичка сцена.

Тој ја основа Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР) во 1991 година. Партијата предводена од Жириновски е четврта најсилна во рускиот парламент со 21 место. Тој е поранешен потпретседател на Думата, а во парламентот е од 1993 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.