Густ црн чад беше забележан како се издигнува од област во близина на стадионот Лусаил во Катар, неколку часа пред да се одржи натпреварот дел до светското фудбалско првенство.

На местото на настанот се упатиле противпожарни возила, полициски возила и возила на брза помош.

Втор пожар е забележан во областа позната како Ум Ебаирија, блиску до локацијата на првиот.

Според извештаите на локалните медиуми, пожарите се локализирани, а нема информации за повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.